Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид ја одбележа „Неделата на грижа на стари лица“

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општинска организација на Црвен крст Охрид, под мотото „Сите сме нивни деца“, со бројни активности ја одбележа „Неделата на грижа на стари лица“ (19-25 ноември).

Image may contain: 3 people, people sitting and indoor

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

– Беа посетени старите лица, кои се дел од програмата „Најди време“ и им беа направени превентивни здравствени прегледи (ЕКГ, гликоза, крвен притисок). На социјално-ранливите категории на стари лица им беше поделена помош во храна. Во просториите на општинска организација на Црвен крст – Охрид на волонтерите и корисниците од програмата – Грижа за стари лица „Најди време“ др. Јованка С. Коровешоска им одржа едукативно предавање на тема: „Заштита од грип“. Волонтерите на Клубот на млади при Црвен Крст – Охрид во текот на неделата низ централното градско подрачје делеа едукативни материјали – флаери за здравиот начин на живот и правата на социјална заштита на старите лица, информираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива