Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов проект на „Тамаро“, време е за „Витаминка МЕГА Дедо мраз“

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По суператрактивните летни проекти – „Витаминка SUMMER TAXI“, „Hell летната патрола“ и тековните за Франк и Кандит, охридските „Тамаро“ маркети ја продолжуваат соработката со креативниот тим на Супер радио.

Во пресрет на празниците време е за уште еден МЕГА проект со многу вредни награди за купувачите на водечките во Охрид, „Тамаро“ маркети, време е за МЕГА награди, МЕГА забава и МЕГА Дедо мраз со „Тамаро“ и „Витаминка“.

– Се` што треба да направите е да купите „Стоби Флипс“ од Витаминка во некој од „Тамаро“ маркетите, да ја ставите фискалната сметка со вашите лични податоци во празната „Стоби флипс“ кесичка и да ја одложите во посебно обележаните „Витаминка“ катчиња во сите „Тамаро“ маркети. Ќесичките потоа одат во најголемиот Дедо мраз во државата – кој деновиве ќе биде поставен пред „Тамаро 6“ маркетот. Имаме МЕГА награди за Вас: мобилен телефон IPhone, телевизор, пакети „Витаминка“ производи и секоја недела бонус награди од нашиот партнер OutletON, информираат организаторите.

Image may contain: text

Додаваат дека МЕГА извлекувањето на наградите ќе се одржи на 6-ти јануари, за Бадник, во рамките на финалето на „Тамаро Бадниковата вечер“ пред маркетот во склоп на фабриката „Братство“.

Ова е само продолжување на соработката на водечките охридски „Тамаро“ маркети и најдобрата локална радио станица, Супер радио на полето на маркетингот. Двете компании најавуваат уште многу заеднички интересни проекти во пресрет на Нова година, на радост на сите потрошувачи на „Тамаро“ и слушатели на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес