Локална самоуправа

Градоначалникот Стојаноски со поддршка за теквондистот Василија Јовчески

Охрид, 6. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски денес оствари средба со младиот теквондист Василија Јовчески. 

Охридскиот спортист неодамна освои трето место на Балканскиот теквондо шампионат кој се одржа во Софија, Бугарија.

Градоначалникот му честиташе за постигнатиот успех и му посака во иднина да нижи уште поголеми успеси и дека може да смета на неговата поддршка. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид