Спорт

Вардар со цврст финиш го доби македонското СЕХА-дерби (Видео)

Скопје, 6. декември 2018 (ОХРИДПРЕС)Вардар стигна до кам-бек победа од над Металург од 27:26 (11:13) во македонското дерби во регионалната СЕХА-лига, враќајќи се во последните минути од натпреварот откако во поголемиот дел од мечот ја бркаше разликата од гол-два на тимот од Автокоманда.

Вардар започна одлично и направи предност од 7:4 по 13 минути игра, меѓутоа Металург успеа да се врати преку Александер Шпенде и имаше водство од 13:11 на полувремето.

Актуелниот СЕХА-шампион успеа да принуди израмнета игра во второто полувреме, во кое ретко кога имаше предност од два гола, пред во финишот на натпреварот да стигне до победата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива