Локална самоуправа

„Охридски комуналец“ го расчистуваше патниот правец Охрид-Подмолје

Охрид, 6. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до селото Подмолје.

– Расчистен е расфрланиот ситен комунален отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) околу коловозните ленти. Ангажирани беа шест комунални работници и подигнати се 30 вреќи отпад, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: Охридски комуналец фото: Охридски комуналец