Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Престижниот National Geographic ги вброи Македонија и Охрид меѓу ТОП дестинациите за посета во 2019-та година

Охрид, 6. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија и Охрид се меѓу 28-те дестинации кои задолжително треба да се посетат во текот на 2019-та година, препорачува престижниот National Geographic.

– Без оглед на тоа дали ќе го стави или не „Северна“ пред своето име, последните вести за долгогодишниот спор со соседот Грција ја ставија малата Балканска земја меѓу најспомнуваните во сите светски медиуми. Опкружена со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, прекрасната Македонија можеби нема море, но е невообичаено богата со планини и прекрасни езера. Планински врвови кои го одземаат здивот, пештери и водопади се честа глетка во трите национални паркови: Галичица, Маврово и Пелистер. Не се опишува возењето со кајак по преубавото Охридско Езеро, кое е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, пишува National Geographic.

Покрај Република Македонија, во написот се сугерира да се посетат уште 27 врвни дестинации, меѓу кои и Мексико, Кина, Сенегал, Белизе и многу други. Од земјите од соседството, за посета во текот на следната година се препорачува Црна Гора. (Крај)

извор: National Geographic фото: National Geographic