Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските ракометари против Радовиш ја заокружуваат есенската полусезона во Супер лигата

Охрид, 13. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари на домашен терен ја заокружуваат есенската полусезона во Супер лигата.

Вечерва во „Билјанини извори“ од 18:00 часот ја пречекуваат екипата на Радовиш. „Гладијаторите“ моментално се трети на табелата со 27 бодови.

– Среќен сум што во моментов разговараме за плеј оф, а не за опстанок на кубот. Играчите заслужуваат почит затоа што во многу тешки натпревари дадоа натчовеки напори и го доведоа клубот таму каде што е сега, вели тренерот Горан Андоновски.

Утре пак машкиот и женскиот ракометен тим заминуваат за Холандија, каде ќе учествуваат на меѓународен турнир. Таму ќе престојуваат една недела на покана на клубот Сомерен и ќе одиграат по три натпревари.

– Одиме на покана на аматерскиот клуб „Сомерен“. На 20-ти декември ќе играме натпревари против Крас Волендам, екипа која лани ја елиминиравме во ЕХФ купот, а ден потоа со тимот на Лајанс. Освен натпреварите, ќе бидеме примени и од градоначалникот на Сомерен, а можно е членови на клубот на лето да дојдат во Охрид, вели за Супер радио и OhridPress спортскиот директор на РК Охрид, Горан Недески.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: РК Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење