ЕКОЛОГИЈА Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Гете Институт организира ЕКО работилница во ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 13. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 14-ти декември, во ОУ „Григор Прличев“ ќе се одржи ЕКО работилница за подигање на еколошката свест на учениците.

Истата е во организација на Гете Институт, а ќе започне во 13:30 часот.

– Покрај планираната работилница ќе се одржи и прес конференција на која ќе стане збор за сите проекти кои Гете Институт ги спроведува во нашето училиште, како и за наставните средства кои ги донираат за поттикнување на креативната и иновативна настава по германски јазик, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење