Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Предновогодишна еуфорија во игротеката „Вања“ (Фото)

Охрид, 13. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња вчера уживаа во игротеката „Вања“, каде се китеше новогодишната елка и се одржа забава со најзабавните Детски маски од Охрид.

– Елката се закити со рачно изработените украси од дечињата, а нашите пријатели од Детски маски Охрид направија забавата да биде незаборавна, информираат од игротеката.

Image may contain: 4 people

No automatic alt text available.

Додаваат дека финансиските средства од влезниците – 100 ден за 2 часа забава и од продажбата на рачно изработените украси, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а најмладите со секоја сметка учествуваат во наградната игра, чие главно извлекување ќе биде на крај на декември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење