Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Основниот суд во Охрид

Охрид, 18. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатата недела, учениците од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид остварија посета на Основниот суд Охрид.

Во придружба на учителките: Биљана Иваноска, Валентина Трпческа, Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска тие ги проширија и продлабочија знаењата за судот и судската власт, а кои се изучуваат според наставниот план и програма по општество на тема „Државно уредување во Република Македонија“.

Image may contain: 9 people, people standing and people sitting

Image may contain: 21 people, people standing

Image may contain: one or more people, people sitting, living room and indoor

– Посетата на Судот беше мудро насочувана и организирана од страна на судските работници, кои на нашите ученици им одржаа исцрпно предавање за задачите на Судот, работните оврски на вработените, а за учениците беше отстапена и судница во која беше симулирано судење каде учество зедоа и самите ученици. Покрај посетата на Основниот суд Охрид, на отворен час по општество поврзано со оваа наставна материја учениците имаа можност да го слушнат предавањето на судијата во пензија Диме Јорданов од Велес. Неговото излагање беше проследено со голем интерес и тој успеа да ги поттикне учениците да прашуваат и на тој начин многу потемелно да ја совладаат предвидената материја, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОУ „Григор Прличев“ фото: ОУ „Григор Прличев“

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење