Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Најмладите од ОУ „Григор Прличев“ се запознаа со основните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот

Охрид, 26. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на кампањата „Безбедноста е најважна лекција“, претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид, на учениците од прво одделение при основното училиште „Григор Прличев“ им ја поделија сообраќајно едукативната брошура „Сообраќајна лектира“.

Во истата, илустративно се поместени основни правила и прописи за безбедно учество на децата во сообраќајот.

– Притоа, низ разговор со учениците, претседателот на советот за сообраќајна безбедност Стефан Димоски, ги запозна учениците со основните сообраќајни правила и прописи и ја нагласи потребата потребата од нивно максимално почитување со цел подобрување на личната безбедност на учениците во сообраќајот, информираат од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива