Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Новогодишна честитка од градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески

Дебрца, 31-ви декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На крајот сме на 2018 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2019 година, се вели во новогодишната честитка на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

– Ви се заблагодарувам за Вашиот придонес за општината, за сите пофалби и критики. Тие ми даваат сила за поголеми заеднички успеси. Новата година значи многу нови желби и предизвици.  Затоа, во Новата година  влегуваме со  верба и надеж дека и понатаму трудољубиво и посветено ќе работиме за добробит на сите граѓани на општина Дебрца и дека заедно со Вас ќе создадеме услови за поголема благосостојба и поуспешна 2019 година, вели Ногачески.

Нека претстојните празници Ви бидат исполнети со мир, топлина и радост.

Драги сограѓани, Ви посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех воНовата 2019 година. Да сме здрави и живи. (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: архива