Економија Забава Охрид ТОП ВЕСТИ

Нова година во Охрид, дочек на новата 2019-та (Фото)

Охрид, 31. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Гости од Србија, Албанија, Турција и Бугарија, заедно со домашните гости се најбројни во Охрид на дочекот на Новата 2019-та година.

Уште од претходно, угостителите најавуваа дека капацитетите се резервирани, а предновогодишниот викенд покажа дека ќе имаме одлична исполнетост. Гостите доаѓаат пред се` од соседните земји од Балканот, но не е мал бројот на посетители од целиот свет.

Општина Охрид поради прераната смрт на градоначалникот, проф. д-р Јован Стојаноски ги откажа сите манифестации кои се во нивна надлежност, пред се` активностите од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, но во организација на угостителскиот еснаф и ХОТАМ, забава на Градскиот плоштад сепак имаше.

Вечерва пред посетителите настапија охридски бендови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење