Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Машка година во Охрид, првото бебе во новата година е машко

Охрид, 1. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово во Охрид се роди првото бебе во новата 2019-та година.

Колегите од порталот OhridNet јавуваат дека станува збор за здраво бебе тешко 3.600 грама, долго 51 сантиметар. И мајката Софи, родена 1998 година и бебето се во добра здравствена состојба после породувањето кое било извршено со царски рез.

Породилниот зафат го извршиле охридските гинеколози Владо Устијаноски и Боро Петрески. (Крај)

извор: ОхридНет фото: архива