Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Во 2019-та не очекуваат спектакуларни глетки на небото: три помрачувања на Сонцето и две на Месечината

Охрид, 2. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2019-та, годината која е пред нас не очекуваат неколку спектакуларни глетки на небото, меѓу кои и три помрачувања на Сонцето и две на Месечината.

За жал, помрачувањето на Сонцето нема да биде видливо од нашите краишта.

Првиот ваков спектакл на небото не очекува веќе во недела, на 6-ти јануари, кога ќе се случи делумно помрачување на Сонцето, а следните две се комплетни. Ќе се случат на втори јули и 26-ти декември. Најдобар поглед на оние од 6-ти јануари и 26-ти декември ќе имаат жителите на Азија, додека на втори јули спектакуларната глетка ќе биде загарантирана за жителите на Јужна Америка.

Ако е за утеха, во Европа ќе можеме да ги следиме двете помрачувања на Месечината. Веќе на 21-ви јануари, доколку дозволат временските прилики, повеќе од еден час ќе може да се ужива во првиот ваков настан оваа година. Интересно е и тоа што истовремено, нашиот сателит ќе биде во фазата на „Супер Месечина“. Тогаш Месечината е на најмала оддалеченост од Земјата и изгледа далеку поголема и посјајна од вообичаено. Во моментот кога ќе биде најблиску до Земјата, Месечината е за 14% поголема од нормално. Тоа ќе направи на 21-ви јануари да имаме и „крвава Супер Месечина“, што ќе направи глетката да биде уште поспектакуларна.

Image result for помрачувања на Сонцето

Делумно затемнување на Месечината не очекува на 16-ти јули, кога во сенка ќе бидат околу две третини од Месечевиот диск.

Интересно ќе биде и на 11-ти ноември, кога ќе бидеме сведоци на појава која се случува само 13 пати во 100 години, а тоа е поминувањето на Меркур пред Сонцето.

Image result for метеорски дождови

Што се однесува до метеорските дождови, ќе можеме да ги следиме во редовните термини – Квадрантиди на 4. јануари, Ета аквариди на 6. мај, Ориониди на 21. октомври, Андромедиди на 3. декември, Урсиди на 22. декември… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива