Забава Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

„Архангел“ и „Галија“ на годинешното издание на карневалот во Вевчани

Вевчани, 2. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Култната македонска група „Архангел“, заедно со „Галија“ и други групи и изведувачи, ќе настапат на годинешното издание на карневалот во Вевчани.

– Да ја почнеме годинава со радост и убава вест – легендата на македонската рок сцена, групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019, објавија на официјалната Facebook страна на карневалот, од каде додаваат дека како дел од програмата ќе настапи и познатата група од Србија „Галија“.

Вевчанци се подготвуваат за традиционалниот карневал, кој традиционално се одржува од 12-ти до 14-ти јануари. Деновиве ќе биде обелоденета програмата и гостите кои ќе настапуваат на овој театар на оторено, еден од најголемите и најуникатни културни настани во нашата земја.

Вевчанскиот карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

No automatic alt text available.

– Од 12-ти до 14-ти јануари, славното и автентично Вевчани е голема отворена сцена за најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во Македонија – Вевчански карневал. Благодарение на вевчанските василичари, нивната специфична порака и надалеку познатата вевчанска гостопримливост, живее вековната традиција на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и уникатност. И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна! Добредојдовте во Вевчани – за многу години, порачуваат организаторите.

И годинава ќе ги има традиционалните маски „зет и невеста“, „Глупавиот Август“ и музичарите, а секако и маските со кои се жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот.

За времетраењето на карневалот, вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во оваа претстава на отворено, во која има место за секој добронамерник со карневалски дух. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење