Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува одбројувањето до „Бадниковата вечер“ и „Божиќниот Тамаро пазар“

Охрид, 2. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети продолжуваат со промотивните активности, сите во насока на подобрување на понудата и услугата во своите објекти во Охрид и Струга.

– Од денес до 6-ти јануари, на платото пред маркетот „Тамаро 6“ (во склоп на фабриката „Братство“), во периодот од 16:00 до 19:00 часот повелете на големиот „Божиќен Тамаро пазар“. На посебно уредените тезги ќе се нуди намалување и попуст на производите до неверојатни 60%. Купете го омилениот производ и уживајте во празниците. Ќе имаме и посебен дел со храна. Највкусните сендвичи ќе се нудат по промотивни цени. „Тамаро“ хамбургер + помфрит за време на големиот „Божиќен Тамаро пазар“ ќе ве чини само 40 денари. Ви ја честитаме Новата 2019-та година со желби за многу здравје и успех во новата. Ве очекуваме на големиот „Божиќен Тамаро пазар“, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.

No automatic alt text available.

Денес започнува одбројувањето и до традиционалната „Бадникова вечер со Тамаро“. Секоја година, компанијата доделува неколку илјади пакетчиња за најмладите охриѓанчиња, заедно со многу забава, музика, смеа и весели моменти.

No automatic alt text available.

Ланецот маркети „Тамаро“ започна со работа во далечната 1997 година и од тогаш расте со прогресија од по еден маркет во просек на секои две години. Секој ден е се` поблиску до потрошувачите, кои ги препознаа како „свој“ маркет и веруваат во него. Од 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството работи и „Тамаро“ пекарата, паралелно со слаткарата и кујната за готови јадења. Во склоп на „Тамаро“ холдингот работи и магацинот на големо „АМ“ кој доставува роба до сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и околните места, заедно со Струга и околните места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење