Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Winter Comedy Marathon во Jazz Inn

Охрид, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 8-ми до 13-ти, од Коледе до Василица подгответе се за Winter Comedy Marathon во охридскиот клуб Jazz Inn.

– Не ја пропуштајте можноста да се растопите од смеење. Шест неверојатни шоуа во најдобриот клуб за комедија Jazz Inn во Охрид: 08.01. – Импровокација – секогаш премиера, 09.01 Маријан Ѓорѓиевски – Stand up solo show, 10.01 – 5 Љути мажи со нов материјал, 11.01 – 2 Mothers Brothers со нов материјал, 12.01 – The Best of Stand up и на 13.01 – Grand finale so Stand Up + Импровокација, информираат организаторите.

Додаваат дека билетите во ограничен број по цена од 150 денари во претпродажба (200 денари на дента на шоуто) се продаваат во Music Shop ZZ Top. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење