ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Лебедот со повредено крило и понатаму оставен сам на себе

Охрид, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Лебедот со повредено крило, кој веќе подолг период може да се забележи на крајбрежјето на Охридското Езеро, и понатаму е препуштен сам на себе.

Пред извесен период беше алармирано дека крилото на лебедот е скршено, но на последните фотографии се гледа дека поради влошување на состојбата, повредената птица ги губи пердувите се’ повеќе, а ткивото се разјадува. Лебедот не може да лета, и едвај се движи само по крајбрежјето.

Загрижените граѓани апелираат надлежните институции да помогнат. Стравуваат дека недолжната птица, поради повредата, не може ни да се храни правилно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес