Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

В.д Градоначалникот Георгиески се сретна со директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Љимани

Охрид, 4. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Унапредувањето на соработката во областа на справувањето со бесправното градење, беше тема на работниот состанок на в.д градоначалник на Охрид Константин Георгиески и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Љимани.

– На средбата заеднички беше констатирано дека е потребна поефикасна и координирана соработка меѓу двете институции и креирање на применливи мерки за спречување на дивото градење на индивидуални и колективни стамбени згради, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење