Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Населбата Рача доби нова пешачка патека

Охрид, 4. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник на Охрид Константин Георгиески, изврши увид на локацијата каде е  изградена новата пешачка патека.

– Патеката е со бехатон плочки, должина од 170 метри и е засилена со два потпорни ѕида. Изградена е од страна на екипите на ЈП „Градски гробишта“. Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење