Спорт

Македонија ја доби првата контролна против Србија

Скопје, 5. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37-31 (19-13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10. до 27. јануари во Германија и Данска.

Синоќа во „ВИП арена“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42. минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27-17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.

Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.

Втората проверка се игра вечерва но средбата ќе биде од затворен карактер. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење