Избор Локална самоуправа Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Бадникова поворка во Охрид (Фото)

Охрид, 6. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 500 деца беа дел од денешната, шеста по ред Бадникова поворка, која уште еднаш ќе го навести Христовото раѓање.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. И минатата година во Охрид на Градскиот плоштад беше организирана ваква поворка. Во чест на Христовото раѓање – Божик, на Градскиот плоштад во Охрид е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ од Рајчица.

Image may contain: 4 people, shoes, child and outdoor

Image may contain: one or more people, people walking, crowd and outdoor

Image may contain: 5 people, people standing, crowd and outdoor

Поворката ja пречека в.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој напомена дека локалната самоуправа ги поддржува настаните, што ја негуваат традицијата и го јакнат нашиот идентитет и интегритет како народ.

– Традицијата и обичаите се дел од културата на секој народ, па така и на македонскиот. Денеска го празнуваме Бадник, ден пред Христовото раѓање. Овие дечиња кои со насмевка и со полни срца радост ни го најавија Христовото раѓање се синоним на традицијата и обичаите, изјави Георгиески.

Од организациониот одбор напомнаа дека во настанот вложиле многу љубов и дека годинава стигнале до бројка од 500 деца, на возраст до 9 одделение, кои се пријавиле доброволно.

– Поворката тргна од храмот „Св. Георгиј“, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ и помина по улиците „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“, кружен тек кај „Охридска Банка“ и по булеварот „Македонски просветители“ стигна до Градскиот плоштад каде е поставена голема пештера – симбол на Витлеемската пештера во која е роден Исус Христос. Потоа поворката преку чаршијата пристигна во храмот „Св. Богородица-Каменско“ каде учесниците беа пречекани од свештениците, а манифестацијата заврши со Бадникова трпеза, информираат од организациониот одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес