Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица од Охрид нападнати од кучиња, се здобија со тешки повреди

Охрид, 6. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари оваа година, околу 16:00 часот, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, 53-годишната В.Т. од Охрид била нападната од кучиња, во сопственост на 38-годишниот В.Б. од Охрид.

– Притоа, 50-годишниот И.М. од Охрид се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против лицето В.Б. од Охрид – сопственик на кучињата, ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива