Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Најмладите на Бадникова поворка во Дебрца (Фото)

Мешеишта, 6. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година, за првпат триесетина дечиња од општина Дебрца се приклучија кон радосната објава на Рождеството Христово, преку организирање на Бадникова поворка.

Image may contain: 3 people, indoor

Бадниковата поворка тргна од храмот „Свети Апостоли Петар и Павле“ во село Мешеишта по што дечињата од Дебрца се приклучија на величествената Бадниковата поворка, во Охрид, полна со коледарчиња кои со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање.

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing, tree, sky, crowd and outdoor

– Поворката ја примив во општинската канцеларија во село Мешеишта и притоа во името на општина Дебрца, дарувајќи ги со пригодни пакетчиња на младите бадникарчиња им ги честитав претстојните Божиќни празници. Во свечената Бадникова поворка низ охридските улици ечеше старата коледарска песна „Вечниот бог“, со која се објавува радосната вест за раѓањето на Богомладенецот Исус Христос. На Градскиот плоштад, пред Бадниковата пештера, дечињата добија божиќни подароци. Догодина да сме здрави и живи и побројни. Христос се раѓа, славете, порача првиот човек на Дебрца, градоначалникот Зоран НОгачески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење