Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Ногачески: Да ја зајакнеме верата, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме за поквалитетен живот

Белчишта, 6. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески испрати Божикна честитка со желби за многу здравје, успех и среќа си сограѓаните.

Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Јулијанскиот календар, Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.

Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав:

Мир Божји – Христос се роди! (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: архива