Охрид ТОП ВЕСТИ

Утрово во Охрид измерени -12, денес сончево и студено време со температура до -2, од утре повторно снег

Охрид, 8. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула.

Утрово во Охрид се измерени -12 степени, а максималната температура ќе се искачи до -2 степени.

– Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на оваа недела ќе се задржи променливо и студено време со утрински температури кои на места ќе се спуштат под -10 степени, а максималните на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Денес ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула. Под влијание на влажен и студен бран, во среда и во четврток претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес