Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ОБНОВЕНО: Пожар во атарот на село Елшани (Фото)

Охрид, 8. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пожар избувна попладнево, нешто по 17:00 часот во атарот на селото Елшани.

Според првичните неофицијални информации, пожарот избувнал во три плевни кои биле во непосредна близина на селото, по што се проширил. Во плевните настадале неколку домашни животни, кои сопствениците не успеале да ги извадат надвор.

За гасење на пожарот кој е на тешко пристапен терен, со две возила интервенира екипа на охридската противпожарна единица, а помага и локалното население и доброволци. Тие успеале да направат сигурен појас околу пожарот, со што е спречено неговото ширење.

Наскоро повеќе информации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Горан Топал