Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Пратеникот Томислав Тунтев поднесе оставка

Скопје/Охрид, 8. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот од Охрид и досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев денес поднесе оставка, која се очекува да биде констатирана на утрешната седница на Собранието на Република Македонија.

Тунтев заминува во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП), а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.

До овој момент не се знае кој ќе биде нов координатор на СДСМ, иако неофицијално се споменува името на пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски. (Крај)

извор: 24 вести фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење