Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

ДЗС со препораки до граѓаните кои планираат да патуваат

Скопје/Охрид, 10. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, излезе со препораки до сите граѓани на Република Македонија.

– континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
– да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
– да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
– да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
– да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
– планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициски станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Image may contain: outdoor

Од ДЗС на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови им препорачуваат:

– Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
– Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
– Да имаат обезбедено телефонски врски-по можност мобилни.
– Да внимаваат на покривите – во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
– Навремено да информираат за настанати непогоди-несреќи.
– Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
– До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства. (Крај)

извор: ДЗС фото: ДЗС