Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Одреден притвор за пожарникарот кој нападна свои колеги

Охрид, 10. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба.

На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.

Ј.К. на 9-ти овој месец во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет го нападнал Г.С.(54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т.(45), нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А.(56) од Охрид.(Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење