Забава Избор

Оскарите прв пат без домаќин од 1989 година

Лос Анџелес, 10. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Оскарите, прв пат, по 1989 година ќе бидат без домаќин, пренесува „Варајети“.

Улогата домаќин на 91-то издание ќе ја имаат ѕвезди од А-листата во Холивуд кои ќе ги најавуваат номинираните за разните категории, а воедно и победниците. Претходно комичарот Кевин Харт се повлече од водителската улога, откако во минатото имал хомофобични твитови.

Тристачетириесет и седум остварувања ќе се борат за Оскарот за најдобар филм што ќе биде доделен на 24-ти февруари во Холивуд. По 1970 година кога конкурираа 374 филмски наслови, оваа година ќе биде рекордна. На листата се и остварувањата на Алфонсо Куаронс “Roma,” на Бредли Купер “A Star Is Born,” и на Јоргос Латимос „Тhe Favourite“…

Најмногу 10 филмови можат да бидат номинирани за категоријата. Изборот на кандидати започна на 7-ми јануари и ќе заврши на 14-ти јануари. Номинираните ќе бидат објавени на 22-ри јануари.

Македонскиот филм „Исцелител“ и покрај интензивната промоција во Холивуд, за жал не успеа да влезе меѓу деветте филмови кои ќе се натпреваруваат за „Оскар“ во категоријата од неанглиско говорно подрачје.

Најзначајните холивудски награди ги доделува Академијата за филмска уметност и наука.

Лани Оскар за најдобар филм и режија освои фантастичната љубовна приказна “Форма на водата” на Гилјермо дел Торо. (Крај)

извор: Независен фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење