Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Се чистат патиштата до селата во Дебрца, наврнаа околу 60 сантиметри снег

Белчишта, 10. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Обилните снежни врнежи во текот на изминатата ноќ и во текот на денов создадоа дополнителни проблеми за жителите во општина Дебрца.

– Снежната покривка на места е преку 50-60 сантиметри. Општинската механизација цел ден работеше на терен. Во доцните попладневни часови ги пробивме и патните правци до селата Врбјани, Годивје и Лактиње.
Пробиени се патните правци до сите села во Дебрца, освен селата Црвена Вода, Турје, Мраморец и Сошани. Прооден е Регионалниот патен правец Ботун-Лешани-Велмеј. Пробиени се голем дел од улиците во повеќе села, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

Image may contain: snow, tree, sky, outdoor and nature

Тој додава дека утре продолжуваат со чистење и ако временските услови доволат, сите патни правци во општината ќе бидат проодни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зоран Ногачески