Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Намалена видливост поради магла на „Стража“

Охрид, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој „Стража“.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин „Стража“, Кичево-Охрид, преку планинскиот премин „Пресека“, Струга-граничен премин „Ќафасан“ и Тетово-Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информират дека од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење