Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Во прифатниот центар во Струга може да се згриживаат бездомни лица

Струга, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Прифатниот центар во Струга е подготвен да ги згрижи бездомните лица.

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период. Освен во Струга, регионални прифатни центри има и во Скопје, Битола и Струмица.

Граѓаните може да ги пријават бездомните лица на телефонските броеви: 070/317-612 и 046/781-733. По пријавата, мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците. Во центарот тие ќе добијат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна.

Ресорното министерство ги задолжи сите Центри за социјални работи низ Македонија на своите веб страници да објават дежурни телефонски броеви за пријавување на бездомниците и другите семејства без соодветни услови за живеење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива