Спорт

Енди Мареј плачејќи најави крај на кариерата

Мелбурн, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Енди Мареј со многу емоции соопшти дека порди повредата на колкот ќе мора да ја прекине тениската кариера, но се надева дека ќе може да настапи на Вимблдон.

Најголемата британска тениска ѕвезда, Енди Мареј, поради проблеми со колкот ќе стави крај на кариерата, целта му е последен негов турнир на биде Вимблдон.

„Не знам дали со вакви болки ќе можам да играм уште четири или пет месеци. Сакам да бидам дел и од Вимблдон и тогаш да ја завршам кариерата, но не знам дали ќе успеам“, изјави Мареј со солзи во очите.

„Веќе 20 месеци сум во болки. Направив сѐ што можев за да ги надминам проблемите со колкот, но не успев. Морам да запрам со играње тенис“.

Енди Мареј треба да игра и на Австралија опен на почетокот од следната недела, во првото коло се среќава со Роберто Баутиста Агут кој игра во одлична форма. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива