Локална самоуправа

Дворовите на Шапкароски, Кркулески и Бандилова прогласени за најубаво украсени

Охрид, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дворовите на Марјан Шапкароски, Ванчо Кркулески и Јована Бандилова се прогласени за најубаво украсени за новогодишните празници.

По петти пат локалната самоуправа го распиша конкурсот за избор на најубаво украсен двор или балкон. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.

Шапкароски, Кркулески и Бандилова за својот труд беа парично наградени со 10.000 денари, 6.000 денари и 4.000 денари соодветно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење