Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Комуналец: Граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти

Охрид, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти, апелираат од ЈП „Охридски комуналец“.

– Заради најавените минусни температури во наредните денови  апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти, велат од Комуналец.

Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.

Само со координирана акција и активно учество на сите чинители,  снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес