Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се отстранува снегот од охридската чаршија (Фото)

Охрид, 11. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ вечерва го отстрануваат снегот од централното градско подрачје.

– Се расчистува снегот од чаршијата и од делот околу пристаништето. Се работи со целата расположлива механизација, а со активностите ќе се продолжи и во текот на наредните денови, информираат за Супер радио и OhridPress.

Претходно денес од претпријатието апелираа до граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти.

– Заради најавените минусни температури во наредните денови  апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.

Само со координирана акција и активно учество на сите чинители,  снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење