Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес умерено облачно време со сончеви периоди и температура до -2 степени

Охрид, 12. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер.

Најниската измерена утринска температура е -6, а максималната дневна температура ќе се искачи до -2 степени.

– Следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување, додаваат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес