Спорт

Федерер: Сакам да ја завршам кариерата на „Вимблдон“

Мелбурн, 12. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер откри дека би сакал да ја заврши кариерата на „Вимблдон“, каде што тој ја освои првата од 20-те Гренд слем титули.

Актуелниот двократен шампион на Австралија Опен изјави дека не сака „крај од бајките“ на својата кариера, туку да го напушти теренот во добра здравствена состојба.

– Има многу места кои се посебни за мене, за среќа. Но да, ако треба да одберам, „Вимблдон“ ќе биде идеално место за да ја завршам својата кариера. Не мислам да се откажам, ако освојам Гренд слем титула на некое определено место – вели Швајцарецот за Си-Ен-Ен.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење