Спорт

Македонија убедливо ја победи Јапонија во првиот дуел на СП

Берлин, 12. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Јапонија со 38-29 (18-13) во првиот натпревар од групата „Б“ за „жолто-црвените“ на Светското првенство, кое се игра во Германија и Данска.

Избраниците на Раул Гонзалез ја потврдија фаворитската улога и одиграа добар натпревар во Берлин. Откако заостанувавме во резултатот во првите неколку минути (4-3), ја презедовме контролата над играта, а во 17 минута дојдовме и до највисоки +5 (5-10). Во нападот немавме проблеми со реализацијата и забележавме сигурен триумф.

Оваа победа беше задолжителна за нашите ракометари, кои бркаат пласман во следната фаза на натпреварувањето како една од трите најдобропласирани репрезентации во групата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење