ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Во пресрет на празникот Водици нуркачите го чистеа дното на пристаништето (Фото)

Охрид, 12. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, десетина охридски нуркачи денес го чистеа дното на езерото, на потегот кај Градското пристаниште.

На оваа локација на Водици ќе се фрла Светиот крст во воите на Охридското Езеро. Од водата извадија најразличен отпад, фрлан во текот на годината што е веќе зад нас.

Чистењето на дното на езерото се врши секоја година во пресрет на празникот Водици, пред се` поради сигурноста на капачите кои ќе скокаат по чесниот крст, а како дел од активностите на охридската локална самоуправа за достоинствено прославување на овој голем празник.

Охридските нуркачи редовно го чистат езерото во пресрет на сезоната, а минатата година беа и дел од големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“, што во организација на Супер радио се одржа во пресрет на главната туристичка сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење