Спорт

Вујовиќ: Македонија е тврда и тактички подобра од Хрватска

Загреб, 14. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во колумна за порталот „Index.hr“ ги анализира шансите на Хрватска и Македонија, во пресрет на нивната вечерашна пресметка на Светското првенство во ракомет.

Актуелниот селектор на Словенија, во колумната, пишува дека Македонија е тактички подобра селекција од индивидуално силната Хрватска.

Инаку, во првите две кола во Б-групата во Минхен, Хрватите ги победија Исланд и Јапонија, а Македонија ги совлада Јапонија и Бахреин.

„Пред Хрватска сега ќе стои многу посилен противник. Македонија е тврда и тактички подобра репрезентација од индивидуално силната Хрватска. Имаат одличен селектор, Раул Гонзалес, кој паметно го одмора најдобриот играч Кире Лазаров во одбраната, на неговото место влегува Поповски. Младите Талески и Кузмановски даваат голем придонес, а Филип Лазаров добро го користат кога имаат играч повеќе. Стоилов има специфична тежина во играта на Македонија“, пишува Вујовиќ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење