Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Стартува кампот на Фондацијата Реал Мадрид во Охрид

Охрид, 14. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 18-ти јануари во хотелот „Аквалина“ ќе се одржи вториот фудбалски камп на Фондацијата Реал Мадрид кај нас.

По Скопје и Охрид ја има привилегијата да биде меѓу градовите кои биле домаќини на кампот на најтрофејниот клуб во светот на сите времиња Реал Мадрид.

– Во светот се одржуваат над 50 тренинг кампови на Реал Мадрид, а Република Македонија е трета земја во Европа каде што моментално „кралскиот клуб“ има свој камп. Стандардите применети во Охрид ќе бидат исти со стандардите на тренинг камповите на Реал Мадрид во Германија, во Сингапур или било каде во светот, вели Анита Даева дел од организаторите.

На кампот учествуваат момчиња и девојчиња на возрст од 7 до 17 години. Тие веќе се запознаа со тренерите, психолозите, едукаторите и целиот помошен персонал кој ќе им биде на располагање. Во текот на овие пет дена ќе стекнуваат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на Реал Мадрид Фондација. Тренери на кампот ќе бидат Карлос Касиљас Санчез, Хуан Андрес Гонзалез и Хоакин Валерио.

„Мадридистите“ ќе се стекнат со нови фудбалски и едукативни знаења, но и ќе ги спознаат начелата т.е вредностите на „кралскиот клуб“, почитта, самоконтролата, лидерството, напорната и тимската работа. Се ова што ќе се случува во Охрид ќе излезе и на официјалната страна на Реал Мадрид, што ќе придонесе за своевидна промоција на Охрид.

По кампот, ќе следи нов проект каде соработката ќе продолжи со фудбалските клубови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Real Madrid Campus Experience Macedonia

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење