Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец кршел во угостителски објект во Мислешево, повредено едно лице

Струга, 14. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари оваа година, во 16:00 часот, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, нарушен е јавниот ред и мир од страна на 37-годишниот А.Ф. од Струга.

– Тој ја скршил фискалната каса, а потоа и чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот. Притоа, со телесни повреди се здобил 51-годишниот Т.Л. од Струга. По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење