Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Групата Hardfaced со роденденски настап во Охрид по повод 15 години од првиот концерт

Охрид, 14. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот metal-core бенд Hardfaced на 8-ми февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе го прослави јубилејот – 15 години од првиот концерт.

– На концертот кој ќе се одржи на сцената „Керал“ ќе настапат оригиналните членови, другари, бендови, а ќе имаме широка сет листа од стари песни и воедно последна шанса да ги гледате и чуете во живо пред да излезе новиот албум. На концертот како поддршка ќе настапат и Shock Troopers, информираат организаторите.

Hardfaced се основани во почетокот на 2004 година во Охрид. Во 2007 излегува нивниот деби албум „More than hate” кој добива одлични критики во Македонија и низ Балканот. Во 2011 излегува вториот албум „Show them what they fear”, a актуелни се и со третиот албум „Dying Lake”. Зад себе имаат неколку европски и балкански турнеи и свиреле со бендови како Biohazard, Unearth, Stampin’ Ground, 7 Seconds, Parkway Drive, Born From Pain, No Turning Back, Romeo Must Die, Devil In Me, Last Hope и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Hardfaced

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење