Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Меѓународната конференција „Водици 2019“ годинава во Струга

Струга, 17. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната меѓународна конференција „Водици 2019“ годинава ќе се одржи во Струга.

Седмата конференција ќе биде отворена вечерва од 20:00 часот во хотелот „Дрим“, а ќе трае до сабота, 19-ти јануари.

Тематски е посветена на „Идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење и фигури на глобалните процеси“. Учество ќе земат околу 60-тина научни и стручни лица од Република Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија.

Организатори на настанот се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со „MIRAS“ – Социјалната oрганизација за поддршка на изучување на културно наследство од Баку, Азербејџан, Селџук Универзиетот од Конија, Турција и Институтот за напредни истражувања од Косзег, Унгарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива