Локална самоуправа

Издадена Б-Интегрирана еколошка дозвола

Охрид, 17. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Согласно член 126 од „Законот за животна средина“, градоначалникот на општина Охрид за „Аванс-Пром“ ДООЕЛ од Охрид, Живинарска фарма „Вапилица“ од село Вапила, Охрид издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола бр. 21-5 од 10.01.2019 година.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Носител на дозволата е „Аванс-Пром“ ДООЕЛ од Охрид, Живинарска фарма „Вапилица“ од село Вапила, Охрид, општина Охрид.

Адреса на седиштето: село Вапила, Охрид
Локација на инсталацијата: село Вапила, општина Охрид

Координати на локацијата: 41°18´95´´N 20°82´79´´E

Контакт лице: Лазо Силјаноски, управител на живинарската фарма, претставник за животна средина

Категорија на инсталацијата:
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(а) 5.000 до 40.000 места за живина

Вид на активност: Производство на конзумни јајца

Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за животната средина и управување со отпад, Одделение за заштита и влијание врз животната средина. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива