Избор од Уредникот Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Проди: Европа е заедница на малцинства, идејата не е профитот туку хуманизмот и солидарноста

Охрид, 19. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Духот на европската идеја не се профитот и економското поврзување, туку хуманизмот и солидарноста. Европа е заедница на малцинства.

Ги Запознаваме Ретките Болести

– Европа треба да биде семејство на мир и солидарност, во европската архитектура, како темел треба да влезе балканската стратегија, но и нешто пошироко – солидарноста со африканските земји, чиенаселение , без своја вина, се раселува во очајнички поморски и сувоземни колони , истакна синоќа екс-премиерот на Италија Романо Проди на манифестацијата на која му беше врачена Светската награда за хуманизам, за 2018 година.

Наградата му ја додели в.д градоначалникот Константин Георгиески, кој во своето обраќање истакна дека е среќен што Охрид, онака и како што заслужува, е центар на Академијата за хуманизам.

– Токму онака како што доликува за еден ваков свет град. Уште поголемо е задоволството кога си опкружен со успешни луѓе, секој во својата област, кои имаат заеднички интерес, а тоа е хуманизмот како универзална вредност која не препознава ниедна граница, бариера или поделба, напомена Георгиески.

Пригодни беседи за добитникот, одржаа Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња.

Професорот Проди е тринаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Со посебно признание синоќа му беше одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, кое што во текот на следната година ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта“.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид